Ка-52 „Катран“ успешно го помина „огненото крштевање“ во Сирија, Су-35 за 4х ги надмина очекувањата

Слободан Ѓукиќ
Ударните хеликоптери Ка-52К „Катран“ првпат беа применети во реални борбени операции. Тие полетаа од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ кој се наоѓаше во водите на Средоземното море и притоа со полн капацитет ги потврдија сите свои тактичко- технички карактеристики.

„Во реални борбени услови спроведовме тестирање на новите модели воздухопловна техника, при што добивме потврда на летечко-техничките карактеристики кои ги гарантираше производителот. Конкретно, стратешките бомбардери Ту-160, Ту-95МС и Ту-22М3, авионите-ловци МиГ-29КУБ и ударните хеликоптери Ка-52К првпат беа применети од платформата на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, изјави заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов а пренесува интернет порталот „Взгљад“. Хеликоптерите Ка-52К првпат беа употребени во Сирија во ноември 2017 година. Тие притоа полетаа од рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ кој се наоѓаше во водите на Средоземното море.

Борисов особено го пофали исклучително високото ниво на сигурност на применетата воздухопловна борбена техника Су-35 и Су-30СМ, која за дури 3-4 пати ги надмина првичните процени. Покрај тоа, овие авиони-ловци на дело ја демонстрираа својата повеќенаменска улога, каде практично во 100% обем изведуваа бомбардерски задачи карактеристични за јуришните бомбардери, истакна Борисов. Тој исто така додаде дека руската воздухопловна група во Сирија, која се состои од триесетина авиони, на дневно ниво изведувала во просек околу 100 авио-полетувања, т.е. „три полетувања по авион“.

Покрај тоа, рускиот вицепремиер додаде дека оперативно-тактичкиот ракетни систем „Искандер“, како и повеќецевните ракетни фрлачи „Торнадо-Г“ и „Смерч“ на лице мести покажале висок степен на борбена ефикасност. „Нивната примена во реални борбени услови го потврди високиот степен на тактичко-техничките карактеристики на руските артилериско-ракетни системи и нивната традиционална едноставност и сигурност при нивна експлоатација“, рече Борисов.

Минатата недела руското Министерство за одбрана направи извештај за општиот пресек на состојбата меѓу цивилното население во Сирија, при што беше соопштено дека оваа година околу 1500 сириски населени места се ослободени од терористите на тнр. „Исламска држава“, додека во земјата се вратиле околу 300 илјади бегалци.

„Во периодот на изведување на противтерористичката операција во Сирија само оваа година е ослободено вкупно 1441 населено место“, истакна началникот на Националниот центар за командување со одбраната генерал-полковник Михаил Мизинцев.

Прочитајте повеќе: Началникот на рускиот Генералштаб: Во Сирија во 2018 година ликвидирани 23 илјади терористи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња