Видеоматеријалот е објавен на „Јутјуб“. Во описот на видеото се наведува дека летот е изведен со цел потврда на тактичко-техничките можности на леталото кои ги гарантира производителот, но овој пат во услови на реална борбена ситуација.
Се нагласува дека во текот на овој лет се проверени летачко-техничките карактеристики на авионот, интелектуалниот информационо-команден комплекс, работата на сите системи на авионот вклучувајќи го и комплексот на вооружувањето во сложени климатски услови, како и други фактори кои се важни за проценка на неговите севкупни квалитети.
Се напоменува дека борбените екипажи на авионите од петтата генерација Су-57 извеле повеќе од 10 такви мисии над Сирија.
Неодамна претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност генерал Виктор Бондарев изјави дека повеќенаменскиот ловец од петтата генерација Су-57 во реални борбени услови во Сирија ги потврдил сите свои карактеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче