„Катран“ во борба против бродови и тенкови

Извор: AP

Извор: AP

Русија ја продолжува работата за создавање морнаричка верзија на ударните хеликоптери Ка-52 и покрај нејасната ситуација со испораката на десантните носачи на хеликоптери од типот Мистрал за воената морнарица на РФ.

„Пред сè, ние веќе ги градиме наште десантни бродови, така што хеликоптерот како што е Ка-52К ќе им биде потребен на бродовите од нашата надводна флота“, изјави за ТАСС заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов. 

Да потсетиме дека со хеликоптерите Ка-52К Катран (морнаричка верзија на најновиот ударен хеликоптер) треба да бидат вооружени два десантни носачи на хеликоптери од типот Мистрал кои за РФ се изградени во Франција, но сè уште не се испорачани на руската флота поради влошувањето на односите со Западот по конфликтот во Украина. 

Првично беше планирано првите Ка-52К да бидат подготвени за тестирање веќе на почетокот на 2015 година, но работата на овој проект се оддолжи. Јуриј Борисов истакна дека условите за експлоатација на хеликоптерите на море во голема мера се разликуваат од копнените, така што беше неопходно дополнително усовршување на материјалите и на деловите. 

МиГ-35: херојот на „догфајт“
Руските воено-воздушни сили ќе добијат нов лесен ловец. Корпорацијата МИГ треба да го создаде за 2, максимум за 3 години. „Во март-април годинава се очекува потпишување државен договор за изведување експериментално-конструкторска работа за ловецот МиГ-35, кој ќе биде разработен според техничките барања на Воено-воздушни сили на Русија“, соопштува новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на извори од одбранбено-индустрискиот комплекс. strong>

„Катраните“ се наменети првенствено за давање внатрешна поддршка на десантот. Нивни главни мети се тенковите, оклопната и неоклопната борбена техника. Тие можат да уништуваат и непријателски хеликоптери. 

Ка-52 е вооружен со брзоцелниот авијатички топ 2А42-1 со калибар од 30 милиметри. Комплетот може да има и ракетен систем Стрелец, лансер за наведување ракети од типот Атака и Вихор-1 и лансери за наведување ракети од типот С-8. 

Специфичноста на суперсоничните противтенковски ракети Вихор со ласерско наведување се состои во тоа што пилотите можат да ја гаѓаат целта и кога таа не е во нивното видно поле, зашто добиваат насоки од своите „соборци“ на земјата. 

Хеликоптерот Ка-52 се одликува со високи летачки карактеристики. Моќниот мотор ВК-2500 со гасна турбина му овозможува да лета на висина поголема од 5.000 метри. Статичкиот плагон изнесува 4.000 метри, што значи дека може да полета и да атерита во тропски и во планински предели. Максималната брзина изнесува 300 киломеѕтри на час. 

Катран ќе има неколку особености: отпорна антикорозиска шасија, лопатки и конзоли на крилата што се склопуваат. Ќе биде опремен и со неопходните системи за вооружување за водење борба на море.

Бродската модификација на хеликоптерот ќе има проширен спектар како на наведувачки, така и на ненаведувачки видови вооружување, со што хеликоптерот ќе може да извршува борбено дежурство во деноноќен режим и во сите временски услови. 

Претставници на воената индустрија велат дека палубните хеликоптери Ка-52К во перспектива можат да добијат нов радарски систем, што ќе им овозможи да ги користат противбродските ракети Џ-31 и Џ-35. Во таков случај Ка-52К нема да има ривал како борбено средство зашто станува збор за противбродски крстосувачки ракети кои до неодамна можеа да ги користат само авионите Су-30 и МиГ-39К.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња