Ка-52 „Алигатор“
Виталиј Тимкив/SputnikПилотите кои управуваат со ударни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ изведоа вежба на воениот полигон Цабал (Абхазија) во која практично увежбуваа тактика на уништување управувани минирани автомобили-камикази попознати како „шахид-мобили“. Ударните хеликоптери беа наведувани врз целта со помош на комуникацискиот систем „Стрелец-ВР“ кој го употребуваат специјализираните извидувачки групи во состав на воената база на Јужниот воен округ.
„Нападот на ударните борбени хеликоптери го обезбедуваа копнени борбени елементи со адекватна опрема за наведување, но и со системот за извидување, командување и комуникација „Стрелец“, соопштува информативната служба на Јужниот воен округ.
РГ потсетува дека комплексот „Стрелец“ се наоѓа во состав на борбено-тактичката униформа „Ратник“. Тоа е всушност персонален компјутер кој е интегрален дел од опремата. Тој ја поврзува работата на неколку потсистеми: комплет за оперативно командување кој се состои од дисплеј со екран на допир, сензор на основните животни функции на борецот (се носи како часовник на рака), опрема за сателитска врска, прибор за одредување на далечина и агол, преносна радарска станица „Фара-ВР“, гарнитури опрема за активно намалување на шум но и за засилување на звукот.
Оваа опрема првенствено ја поседува командирот на единицата која делува во одреден реон. Тој комуницира со голем број единици кои се вмрежени во единствен тактички систем за врска, преку многу едноставен портабл-дисплеј со екран на допир и интерфејс. „Стрелец“ има функција што попрецизно и поразбирливо да ја прикаже општата тактичка ситуација во реално време на конкретниот дел на фронтот, но и да ги алармира единиците за непосредна огнена поддршка како што се јуришниците, борбените хеликоптери или артилериско-ракетните единици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче