Руските диверзанти добиваат нова генерација брзи чамци на надувување отпорни на пушчени куршуми

Слободан Ѓукиќ
Еластичниот оклоп од супермолекуларен полиетилен има способност да запре гелери и муниција из стрелечко оружје.

Во Русија е произведен гумен моторен чамец на надувување со еластична непробојна заштита, отпорна на повеќето проектили кои се истрелуваат од стрелечко оружје. Ова за руската новинска агенција „Ѕвезда“ го изјави генералниот директор на компанијата АО „ГБ Инжиниринг“ Сергеј Смагљук.

„Во Русија првпат направивме моторен чамец на надувување со еластична противпушчена заштита. Оваа заштита има такви балистички својства кои можат да издржат удар на гелер, но и куршуми со оловни проектили истрелани од автоматска пушка“, наведува Смагљук.

Тој појасни дека балистичката заштита на овој чамец се состои од еластична подлога која е направена од супермолекуларен полиетилен со висока густина.

Според него, овој модел на чамец веќе ги заинтересирал припадниците на инженериските единици на руската армија, а се разбира и руските специјални единици (особено подводните диверзанти).

Како што за медиумската куќа „Ѕвезда“ изјави генералниот директор на компанијата „ГБ Инжиниринг“, во многу близок период се очекува и потпишување на првите договори со Министерството за одрана на Русија околу испораката на првата партија „неуништливи“ моторни чамци на надувување.

Погледнете како изгледа најновиот руски јуришен чамец

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња