Бродови на руската Воена морнарица
ReutersПовршинските поморски сили се многу важна структура на Воената морнарица на РФ. Тие го обезбедуваат пристигнувањето и распоредување на подморниците на подрачјето на борбени дејствија, како и нивното враќање во базите, а исто така и превозот на десантните трупи и покривање на десантот, соопштува Министерството за одбрана на РФ.
Воените бродови ја играат главната улога и во поставувањето на мини, како и во деминирањето на водните патишта. Во маневрите тие обезбедуваат поддршка со стрелба.
По повод професионалниот празник на морнарите на воените бродови, Министерството за одбрана на РФ објави снимка со најефектните моменти од нивните маневри.
Балтичката, Северната, Црноморската и Тихоокеанската флота и Касписката флотила поседуваат нуклеарни и ракетни крстосувачи, разурнувачи, корвети, големи и мали противподморнички бродови, патролни и мали артилериски бродови, ракетни, десантни и артилериски чамци, миноловци и други видови бродови. Главниот брод на Воената морнарица на РФ е тешкиот крстосувач и носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. На него може да се базираат и опслужуваат 28 авиони и 24 хеликоптери. Во арсеналот има 12 лансери 4К-80 и тешки ракети „Гранит“.
Воените бродови на Балтичката флота, на пример, од почетокот на оваа година поминаа на море повеќе од 1500 часови и учествуваа во заеднички мисии и гаѓања од ракетни лансери.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче