Видео: Како изгледа најновиот руски јуришен чамец

YouTube/Ѕвезда
ТВ-каналот „Ѕвезда” постави на интернет видео-снимка од тестирањето на најновиот руски јуришен чамец од Проектот 02800.

Во коментарите се соопштува дека тестирањето на новиот чамец се врши во близина на кронштатските тврдини кај Санкт Петербург и дека во него учествуваат воените нуркачи од антидиверзантската служба на Балтичката флота.

Овој јуришен чамец е првото руско пловило од таква класа. Според компактноста и цврстината на оклопот му нема рамен во светот. Во движење може да изврши напад од делот во носот.

Чамецот е долг 10, а широк 3,6 метри. Развива брзина од 35 јазли.

Носот и затвореното одделение за десант на јуришниот чамец имаат оклоп против куршуми, а прозорците на кормиларската кабина се од блиндирано стакло. Чамец може да биде вооружен со митралези со голем калибар КПВТ, „Корд” и „Утјос”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња