Лесни и брзи: Новите чамци ИДК во руската војска

Кирил Калиников/Sputnik
Единиците на копнените сили на Русија почнаа да добиваат современи речни чамци ИДК. Оваа техника ќе стане незаменлива при извршувањето на борбените и школските задачи за совладување на водени пречки, извидување, транспорт на десант и различни видови товар.

Новитетот на руската одбранбена индустрија може да се пофали со лесно и истовремено цврсто заварено алуминиумско тело. Неговата должина изнесува 5,8 метри, ширината 2,25 метри, а просечната длабочина на потонување максимум 0,4 метри.

Чамецот го движи дизел мотор кој развива 170 коњски сили. Тежок е два тона, а може да пренесе до еден тон товар или до осум припадници на десантните единици. Максималната брзина на ИДК е 50 км/ч и  не се менува дури ни при оптоварување до 50%.

Големата брзина и бројот на места за десант овозможуваат ИДК да се користи за транспорт на жива сила преку водени пречки и евакуација на ранети борци.

За огнена поддршка и самоодбрана можна е инсталација на митралеско оружје.

ИДК беше претставен на воените изложби во Русија, вклучувајќи го и меѓународниот воено-технички форум „Армија-2017“, на кој беше високо оценет од руски и странски стручњаци.

Погледнете Како изгледа најновиот руски јуришен чамец

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња