Одбиени два напада врз „Хмејмим“: Руските „Панцири“ продолжуваат со победничката низа во Сирија

Слободан Ѓукиќ

Руската противвоздушна одбрана која го покрива небото над авиобазата „Хмејмим“ собори едно беспилотно летало кое го фатија радарите кои се наоѓаат на 24/7 дежурство. Ова го соопшти раководителот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни генерал-мајор Алексеј Циганков.

„Од територијата што ја контролираат терористичките формации во Сирија се регистрираат постојани обиди со помош на беспилотни летала да се загрози воздухопловната база „Хмејмим“. Имено, ноќта меѓу 20/21 јули нашите радарски средства открија минијатурен воздушен објект кој полета од делот на сириската контрола контролирана од терористите, а која се наоѓа на крајниот север на провинцијата Латакија“, истакна генералот на брифингот за новинарите.

„Нашите ПВО средства притоа успешно дејствуваа и го неутрализираа беспилотниот летечки објект на безбедна оддалеченост од нашата база“, рече генералот.

Според него, никој не настрадал, а притоа не е причинета никаква материјална штета. „Руската авиобаза „Хмејмим“ продолжи да функционира во вообичаениот режим на работа“, нагласи генералот.  Според пишувањето на рускиот интернет портал „Интерфакс“, и во неделата е соборено уште едно беспилотно летало кое се обидело да ѝ се приближи на авиобазата во раните утрински часови.

Сите средства кои се распоредени околу авиобазата „Хмејмин“ гарантираат висок степен на безбедност од евентуален напад од воздух за сите членови на персоналот кои се наоѓаат во неа, вклучувајќи ја и борбената техника, материјално-техничките средства, инфраструктурата на базата и сл.

Претходно неколку пати батериите на руските топовско-ракетни системи „Панцир-С“ во содејство со средствата за противелектронска борба неутрализир неколку напади, од кои некои беа од помасовна природа.

Процените се дека околу руските бази во Сирија (Хмејмим и Тартус) се распоредени два дивизиони ракетни система со голем дострел С-400 „Триумф“ кои се поврзани се неколку батерии хибридни топовско-ракетни системи со краток дострел „Панцир-С“.

Против овие „напасници“ речиси во 100% обем огнено делуваше ПВО-системот „Панцир-С“ кој притоа покажа максимален степен на ефикасност. Соборувањето на уште поголема далечина можеше да го изведе и ракетниот систем со голем дострел С-400 „Триумф“, но тоа би било апсолутно нерентабилно со оглед на фактот дека една негова ракета знае да чини и по еден милион долари, додека беспилотното летало кое го користат терористите може во полски услови да се склопи за цена од неколку стотини долари.

Прочитајте повеќе: Експертите во САД воодушевени од руското оружје против дронови во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња