Виктор Бондарев: С-400 и „Панцирите“ не си одат од Сирија!

Слободан Ѓукиќ
Овие средства не ја напуштаат Сирија. Се наоѓаат на постојано борбено дежурство, контролираат добар дел од воздушниот простор во и околу Сирија и се подготвени моментално да дејствуваат по широк спектар непријателски воздушни цели.

Противвоздушните ракетни системи С-400 „Триумф“ и хибридните топовско-ракетни системи „Панцир-С1“ и понатаму остануваат на борбено дежурство во Сирија. Тие не влегуваат во контингентот на Воздушно-копнените сили кои ќе бидат повлечени од оваа држава. Екипажите со овие системи ќе го обезбедуваат воздушниот простор околу воздухопловната база „Хмејмим“ и поширокиот регион во целина. Ова за ТАСС го соопшти поранешниот командант на Воздушно-космичките сили, а сега претседател на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност генерал Виктор Бондарев.

„Тие (се мисли на единиците за ПВО) безусловно остануваат во Сирија“ јасно нагласи Бондарев на прашањето на новинарот на ТАСС и додаде „Оттаму не одат никаде. Овие средства се на постојано борбено дежурство, контролираат добар дел од воздушниот простор во и околу Сирија и се подготвени моментално да дејствуваат по широк спектар непријателски воздушни цели. Појавата на ПВО системи од категорија како што е С-400 „Триумф“ го стави во ред, дотогаш хаотичното небо над Сирија. „Панцирите“ уништија поголем број беспилотни шпионски летала кои војските на заинтересираните земји за конфликтот во Сирија не ги вбројуваат во своите загуби“, потсети Бондарев.

Покрај борбените системи за противвоздушна одбрана, во Сирија ќе остане и поголема група специјалисти задолжени за одржување на воздухопловната техника и системите за ПВО, како и дел од копнените единици за обезбедување на воздухопловната база „Хмејмим“, но и на поморската база во Тартус која се наоѓа во фаза на интензивна изградба. Овие системи нема да бидат постојани и со текот на времето ќе се ротираат. Ќе остане и ограничена количина на воздухопловна борбена техника која ќе се состои од авиони и хеликоптери.

„Ќе остане и дел од копнените единици кој е задолжен за одржување на мирот на посебно трусното подрачје. Тоа пред сѐ се однесува на единците од составот на воената полиција. Со нив ќе биде и постојано присутна специјализирана единица за деминирање на теренот“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња