Панцир-С1
Олга Соколова/Russian Look/Global Look PressРуски зенитен ракетно-топовски систем „Панцир-С1“ пресретна две ракети кои терористите во Сирија ги истрелаа во правец на воздухопловната база Хмејмим, јавуваат медиумите.
Терористите ги истрелаа ракети во правец на руската воена база од населбата Бдама во провинцијата Идлиб. „Панцир-С1“ уништи две од нив. Третата ракета експлодираше во околината на градот Џабла во провинцијата Латакија откако не долета до базата.
Хеликоптерите на руските воздухопловни сили летаат над реонот од каде се истрелани ракетите.
Во петокот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руската војска во Сирија има противвоздушна одбрана. Тој нагласи дека системите С-400, С-300 и „Панцир“ заедно со борбените авиони ја обезбедиле супериорноста на Воздушно-космичките сили на Русија во сирискиот воздушен простор. Според министерот, не е дозволен ниту еден напад врз руските воени бази во Тартус и Хмејмим.
Прочитајте кои се Најопасните руски зенитни системи
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче