Експертите во САД воодушевени од руското оружје против дронови во Сирија

Слободан Ѓукиќ
Дејствијата на руската војска која спречи масовен напад на терористички дронови на воздухопловната база Хмејмим и пристаништето Тартус предизвикаа воодушевување кај американските стручњаци.

Тие сметаат дека руските системи за радиоелектронско војување се поефикасни и попрактични во борбата против јата беспилотни летала од американските авиони и противвоздушни ракети, пишува „Национален Интерес“.

Експертите со кои разговарал новинарот на овој магазин сметаат дека за одбивање на масови напади од „јата“ дронови Пентагон би требало да направи пандан на руската платформа која ја сочинуваат беспилотното летало „Орлан-10” и инструментите за предизвикување пречки „Леер-3”. Рускиот апарат кој е пратен во пресрет на дроновите ги пресретнува сигналите за управување со „јатото“ и го спречува нападот на беспилотните летала.

„Ваков апарат како заштита од јата дронови е значително поевтин од ракетата AIM-120 која чини 1,8 милиони долари и се истрелува од ловци F-22 „Раптор“ или F-15С”, смета соработникот на Центарот за воена поморска аналитика Самјуел Бендет.

Против други летала, според мислењето на вишиот потпретседател за разузнавачка работа, набљудување и извидување на компанијата „Сиера Невада“ Тако Гилберто, потребна е борба со примена на нечујни авиони како што се A-29 „Супер Тукано“ или T-6 „Тексан“. Тие можат да уништуваат дронови со помош на митралезите.

Прочитајте како руската војска ги претвора ударните беспилотни летала во играчки

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња