Војниците гаѓаа мети кои симулираа непријателска оклопна техника и средства за воздушен напад. Сите мети се погодени од брзометните топови. Во вежбите учествуваа околу педесет воени единици на Противвоздушната одбрана на Балтичката флота и два противвоздушни ракетно-топовски системи. Вежбите беа одржани во рамките на втората фаза од натпреварувањето „Клучеви од небото“ во изведување на акции на терен меѓу единиците за ПВО во составот на морнарицата. Во 2018 година натпреварувањето се одржува на полигоните на Балтичката флота.
Противвоздушниот ракетно-топовски систем „Панцир-С1” е наменет за заштита на цивилни и воени објекти на мали растојанија. Може да ги заштити од закани од копно и од море. За распоредување на системот се потребни 5 минути, времето за реакција е од 4 до 6 секунди. Екипажот го сочинуваат тројца војници. Муницијата ја сочинуваат 12 ракети 57Е6-Е и 1400 гранати. Системот располага со ракетно и топовско вооружување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче