Ми-35М ја покажа високата борбена вредност во Ирак: „Летечкиот тенк“ во борба против тероризмот

Ми-35М

Ми-35М

Слободан Ѓукиќ
Борбено-транспортниот хеликоптер Ми-35М со голем успех се користи во воените операции на ирачките безбедносни сили кои се одвиваат на територијата на оваа држава. На „Твитер“ се појави најнова фотографија на која се гледа Ми-35М кој тргнал во мисија за огнена поддршка на ирачките трупи на земја.

Ирачките воздухопловни единици ги употребуваат „летечките тенкови“ на компанијата „Мил“ уште од времето на Садам Хусеин. Ирак стана една од првите држави кои ја набавија транспортната верзија на Ми-25. Од 1980 година оваа техника почна активно да се користи во војната со соседниот Иран.

Ми-25 е користен во акции за огнена поддршка на копнените трупи, но и за лов на основните борбени тенкови „Чифтен“ кои во тоа време ги имаше во своето вооружување Иран. Во историјата на воздухопловството ќе остане забележан несекојдневниот настан на соборување на авион-ловец F-4 „Фантом“ кого во воздушна битка го победи Ми-25. „Летечките тенкови“ успеаја да соборат и 10 хеликоптери AH-1J „Кобра“ со сопствени загуби од шест хеликоптери.

По тешкиот пораз во Заливската војна следеше период на меѓународни санкции врз Ирак, кога беа прекинати сите канали за набавка на нова техника и репарација на старата, по што дојде до деградација на ирачката армија, особено кај нејзината воздухопловна компонента. Тоа создаде толку тешка ситуација што САД со своите сојузници, практични без никаков отпор во 2003 година влегоа во Багдад.

Во постсадамовска ера доаѓа до силно заживување на активностите кога е во прашање модернизацијата на ирачката војска, а со самото тоа и обновувањето на деловните врски меѓу Ирак и Русија. Ирачаните својата флота со „летечки тенкои“ ја пополнија со вкупно 28 нови хеликоптери Ми-35М, а во план се да набават уште вакви летала.

Иако визуелно и нема некоја преголема разлика во однос на својот претходник, Ми-25М претставува потполно нова машина со унапредени борбени карактеристики. Се одликува со посовршена структура на хеликоптерската елиса добиена со употреба на специјални композитни материјали врз база на фиберглас/стаклопластика, а која е применета и во случајот со ударниот хеликоптер од нова генерација Ми-28Н. Потоа, значително е унапреден и проширен асортиманот на високопрецизно вооружување, како и напаѓачко-навигацискиот комплекс. Овие технолошки постапки обезбедија и продолжување на експлоатацискиот рок на употреба на хеликоптерот за период и до 15 години. Применетите технолошки постапки во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М), вкупно ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури 2 пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии.

Во Ирак овој хеликоптер се покажа во најдобро светло. Покрај традиционалната способност да издржи и најтежок можен оган д земја, новиот хеликоптер благодарение на значителното унапредување на напаѓачко-навигацискиот систем демонстрираше и висока ефикасност при нападите врз огромен број точкести цели во сложени временски услови дење и ноќе.

Спарените топови ГШ-23Л со калибар 23 мм се снабдени со борбен комплет од 450 гранати.  Хеликоптерот е способен да носи наведувани противтенковски ракети „Штурм“ или „Атака“, како и ненаведувани ракетни зрна С-8 и С-13. Со хеликоптерот управуваат два члена на екипажот. Неговата максимална брзина е околу 300 км/ч, а тежината може да достигне 11,500 кг.

Погледнете: Сѐ за офанзивниот хеликоптер Ми-35М

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња