
Ми-26 е хеликоптер кој руши рекорди. Тој е најголем на светот и може да носи и до 20 тони товар.
Слава Степанов / GELIO
Една од водечките авиокомпании во северен Сибир е „Скол“. Нејзината флота се состои од 37 летала меѓу кои е и Ми-26.
Слава Степанов / GELIO
Пред секој лет шест инженери ја проверуваат техничката исправност на хеликоптерот и го загреваат моторот. Проверката обично трае еден час, но може да потрае и два часа и подолго кога температурата е под -30°С.
Слава Степанов / GELIO
Ми-26 спаѓа во малубројната група летала кои можат да подигнат товар со маса еднаква на сопствената и да го транспортираат на растојание до 800 километри.
Слава Степанов / GELIO
Кога Ми-26 и Боинг 737 би биле поставени еден до друг би се видело дека хеликоптерот е подолг.
Слава Степанов / GELIO
Благодарение на својот уникатен капацитет овој модел на хеликоптер е многу популарен во Русија и во странство.
Слава Степанов / GELIO
Русија е голем производител на нафта и гас. Најголемиот дел од нејзините резерви на овие горива се наоѓаат во далечните краишта на Сибир каде најблиското населено место или пат се оддалечени стотици километри. Единствен начин да се пренесе тежок товар до овие области е да се употреби хеликоптер.
Слава Степанов / GELIO
Главното правило за пренесување товар со хеликоптер е да не се лета над населените места дури и ако заобиколувањето значително го продолжува времетрањето на летот.
Слава Степанов / GELIO
Овој хеликоптер има два мотора, од кои секој има 11400 коњски сили. Потрошувачката изнесува три тони гориво на час.
Слава Степанов / GELIOПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче