„Русија успешно тестира крстосувачка ракета со неограничен дострел“, пишуваат американските медиуми

Слободан Ѓукиќ
Кон крајот на јануари 2019 година руската армија успешно ја тестираше крстосувачката ракета „Буревесник“ (SSC-X-9 Skyfall според кодификацијата на НАТО). Изгледа дека руските конструктори ги решиле сите недостатоци кои се јавуваа при тестирањето на оваа ракета.

Тестирањето, според американски извори, се одржало на 29 јануари оваа година. Реализирано на воениот полигон Капустин Јар, со што оваа ракета првпат е тестирана годинава, додека заклучно со претходните години ова беше нејзиниот 13 тест поред“, ги пренесува американските извори интернет-портал „Взгљад“.

Во публикацијата се наведува дека ракетата не е испитувана речиси година дена. Според американските извори, основната причина за тоа се неуспешните проби за лансирање на ракетата од кои според тие наводи повеќето биле неуспешни. Очигледно е дека Русите изминатава година интензивно работеле на отстранување на забележаните недостатоци кај оваа ракета, за да ја подготват за најновиот тест.

Според зборовите на рускиот претседател В. В. Путин, се работи за ракета која е успешно тестирана кон крајот на предминатата година. На сега веќе историското обраќање до руската јавност на 1 март 2018 година, претседателот на РФ рече дека ракетата има „неограничен“ дострел и дека таа може да се наоѓа во воздух толку, колку што е потребно за тоа.

Во август 2018 година Американците преку своите средства за извидување наводно регистрирале лансирање на крстосувачка ракета на нуклеарен погон во Баренцовото море. Според тие извори, лансирањето на ракетата било неуспешно бидејќи таа паднала во морето. Се работело за фамозната ракета „Буревесник“ која побудува исклучително љубопитство кај американските воено-разузнавачки структури.

Погледнете го видеото: Русите го прикажаа производствениот процес на крстосувачката ракета „Буревесник“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња