Ми-35М
Алексеј Михеев/Российские ВертолётыКраткиот филм го објавија новинарите на рускиот ТВ-канал „Ѕвезда“. Модернизираната варијанта на хеликоптерот Ми-24 е наменета за уништување на оклопна техника на непријателот, за десант на единици на копнената војска, евакуација на ранети и превоз на товар. Хеликоптерот може да подигне 2400 кг (во кабината до 1500 кг).
Ми-35М е разработка на фабриката „Мил“ во Москва, а се произведува во „Росвертол“ во Ростов.
Поради својата универзалност неофицијално го нарекуваат „летечка борбена машина на пешадијата“.
Ми-35М е вооружен со противтенковски ракети „Штурм-В“, ненаведувани проектили С-8 и С-24, има три автоматски топови со голем калибар, 30-мм фрлач на гранати и бомби со тежина од 50 до 500 кг. Машината исто така е во состојба да лета ноќе и препознава објекти на оддалеченост од 4 км и повеќе.
Ми-35М во моментов поседуваат војските на Русија, Венецуела, Бразил и Азербејџан. Пред година дена е потпишан договор за испорака на хеликоптерот на Министерството за одбрана на Казахстан.
Погледнете каде се произведуваат легендарните Ми-8 и Ми-17.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче