Тито и Хрушчов во посета на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963

Никита Хрушчов, тогаш Прв Секретар на Комунистичката партија на СССР и Југословенскиот претседател Јосип Броз во посета на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963.


На денешен ден, 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје беше погодено и разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до 05 часот и 43 минути. Земјотресот се почувствувал на површина од околу 50.000 квадратни километри. Биле урнати скоро 16.000 живеалишта, а оштетени 28.000 објекти. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 луѓе, а имало и над 4.000 повредени.
Илјадниците жртви и огромната материјална штета поттикнаа голем број земји и народи да се вклучат во помошта за Скопје. Исклучок не беше ни тогаш Советскиот Сојуз, кој штедро им помагаше на граѓаните на Скопје, со цел тие да се вратат во нормален живот и да продолжат да чекорат кон поубава иднина. Во овој тажен ден за сите граѓани на Република Македонија, редакцијата на RBTH сочувствува со скопјани и понатаму продолжува да стои зад нивните напори за поубава иднина на главниот град. Скопје памети, но и продолжува...

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња