МиГ-35
Виталиј В. КузминНајголемата премиера секако беше одржана на почетокот на оваа година. Имено, во јануари 2017 беше претставен новиот фронтовски ловец од генерацијата 4++ МиГ-35. Тоа е суперманеварска борбена машина која треба да ги замени досегашните авиони МиГ-29, кои се наоѓаат како во руското Воено воздухопловство, така и во вооружувањето на армиите од целиот свет.
Авионот е способен да достигне максимална брзина од 2700 км/ч, а тоа му го овозможуваат новите погонски мотори со променлив момент на потисок. Тоа му овозможува на пилотот далеку поголема можност за вршење на сложени маневри, под многу поголем агол на напад од порано, што му дава изразена предност во однос на противникот во блиска воздушна борба.
Бројните модификации кои беа имплементирани врз МиГ-35 овозможуваат намалена радарска рефлексивност на авионот, како и поголема носивост на убојни средства отколку кај Миг-29. Напаѓачко-навигацискиот систем е компатибилен со најмодерните руски ракетни класа „воздух-воздух“ и „воздух-земја“ кои се моментално во оперативна употреба, но и со моделите на перспективното воздухопловно оружје кое допрва треба да влезе во составот на вооружувањето на руската војска. Сите овие технички подобрувања во синергијата го прават овој авион навистина исклучителна борбена машина. Ова за RT го изјави можеби и најдобриот тест-пилот во светот, Михаил Белаев. Според него, МиГ-35 е во завршна фаза на тестирање и се очекува првите оперативни примероци на овој авион да влезат во состав на вооружувањето за неколку години.
МиГ-35 ќе поседува арсенал на оружје со голем дострел
Tу-160M2
Ту-160М2
Искандер Асабаев/SputnikПретставува повторно раѓање на советскиот „Бел лебед“, кој е еден од најголемите борбени авиони во светот. Овој стратешки бомбардер има способност да лета на надморски височини над 18 километри, како и способност да изврши напад со крстосувачки ракети со голем дострел без да влезе во зоната на непријателската ПВО.
Авионот претставува преоден модел до конструирање на новата генерација стратешки бомбардери ПАК ДА (се очекува овој авион да го здогледа светлото на денот на почетокот на третата деценија од 21 век). Ту-160М2 не се разликува многу од основната верзија на овој авион, но она што ја прави квалитативна разликата во однос на стариот модел е интеграцијата на најсовремена електронска опрема. Оваа опрема вклучува системи за навигација, радиоелектронска опрема, компјутери, широк спектар на наведувани и ненаведувани бомби и ракети.
Ќе биде вооружен со нуклеарни и конвенционални убојни средства. Ова првенствено се однесува на способноста да ги носи новите типови на крстосувачки ракети од класата „воздух-земја“ Х-101 и Х-555, способни да ја погодат целта на растојанија поголеми од 2000 км.
Ту-160М2, исто така, може да носи голем број на бомби кои се опремени со различни типови на боеви глави.
Експерт: Модернизираниот Ту-160 ќе биде совршено оружје
A-100
А-100
Global Look PressОваа година, исто така, ѝ посака добредојде на новата генерација специјални авиони за рано откривање и контрола на воздушниот простор A-100 (сличниот модел во американската армија го носи името E-3 Sentry AWACS).
Во овој момент, основните карактеристики на овој авион се под „превезот“ на државна тајна. Нема многу достапни информации за него. Познато е дека A-100 се базира на советскиот военотранспортен авион Ил-76, на чија платформа се наоѓа радарска антена со подобрени перформанси, особено кога има предвид способноста за откривање на воздушни објекти со „стелт“ карактеристики, како и објекти на земјата. Податоците собрани со воздушно набљудување веднаш се испраќаат во командниот центар, но и до ловечко-бпмбардерските групации кои го покриваат A-100 во поблискиот и подалечниот воздушен радиус.
Објавена првата видео-снимка со „летечкиот радар“ А-100
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче