Со новата ракета рускиот МиГ-35 останува надвор од дострелот на сите постојни ПВО-системи

Рамиљ Ситдиков/RIA Novosti
Најновиот руски борбен авион од генерацијата 4++ наскоро ќе може да уништува цели наоѓајќи се на безбедно растојание од одбранбениот систем на непријателот.

МиГ-35 наскоро ќе биде опремен со нов тип на ракета која е во состојба да ги елиминира целите држејќи се надвор од дометот на противвоздушната одбрана, а така и руските ловци ќе бидат побезбедни во битка.

Како што изјави претставничката на корпорацијата МиГ Анастасија Кравченко, ракетата веќе поминала одредени тестови.

Што ги прави овие ракети посебни?

„Русија во моментов разработува нови крстосувачки ркети со голем дострел „воздух-воздух“ и „воздух-земја“ за авионите-ловци“, изјави извор од воено-индустрискиот сектор за Russia Beyond-Македонија. Тој истакна дека ракетите ќе можат да дејствуваат во радиус од 200 км, додека дострелот на најнапредниот американски систем за ПВО (Патриот) е 180 км.

Првите модели на оваа ракета за авијацијата на Воената морнарица се веќе одобрени и почнато е со нивно производство. Тоа се ракетите X-35AT и X-31. „Ракетите се наменети за МиГ-35К, авионите кои ќе ги носи „Адмирал Кузњецов“ или „Шторм“ (кој може да стане најголемиот на светот носач на авиони). Овие ракети можат да гаѓаат цели над површината на водата и во крајбрежните зони“, објасни изворот за Russia Beyond-Македонија.   

Исто така се работи на копнена верзија на овие ракети за Воздушно-космичките сили на РФ. „Засега не се зборува за некои специфични модели за авиони, но штом постојат ракетите X-101 со дострел од 4000 км за стратешките бомбардери, би можела да се направи и верзија за тактичката авијација“, додава изворот.

Што е МиГ-35?

МиГ-35 е модернизиран ловец МиГ-29. Тој може да примени цел спектар на постојно и перспективно оружје, вклучувајќи и ласерско. Проектиран е за водење интензивни борби, под притисок на  непријателски ловци и средства за противвоздушна одбрана.

Сето тоа е постигнато благодарение на новиот систем на опрема, оптичко-радарската станица и значително намалената забележливост од страна на непријателските радари.

Во еден борбен лет МиГ-35 може да носи 6,5 тони муниција. Благодарение на новите технологии авионот може да следи од 10 до 30 воздушни цели, со тоа што истовремено може да нападне шест цели во радиус од 130 км. Сеедно е дали тие цели се наоѓаат во воздух или на копно.

Кои се неговите главни странски ривали?

„Рускиот авион e делумно правен според истата концепција како и американскиот ловец-бомбардер F-18 (основниот модел на Военото воздухопловство на САД). И едниот и другиот имаат феноменална аеродинамика и маневарски можности. Меѓутоа, моторот на рускиот модел МиГ-35 нема доволно силна влеча за да ги претекне и според тој параметар „Европејците“ и нивните модели „Рафал“ (Rafale) и „Еурофајтер Тајфун“ (Eurofighter Typhoon)”, истакна Павел Булат, раководител на меѓународната лабораторија „Механика и енергетски системи“ на Универзитетот за информациски технологии.

Експертот смета дека рускиот авион може да се носи во воздух дури и со американските ловци од петта генерација.

„F-35 Lightning II е како нилски коњ со маневарски можности на јуришен авион, така што во борба против него МиГ-35 има предност во секој поглед“, нагласи Булат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња