А-100 „Премиер“
Global Look PressТестирањето е извршено на аеродромот на Таганрошкиот авијациско научно-технички комплекс „Бериев”, пренесува порталот rg.ru.
„Сите системи на авионот (системот за управување со моторите, енергетскиот систем и системите за интеракција со радарот поставени над трупот) функционираат беспрекорно и се подготвени за понатамошни прелиминарни тестирања”, се вели во официјалното соопштение на рускиот воен ресор.
Мултифункционалниот авионски комплекс А-100 „Премиер” има подобри карактеристики од сличните странски модели, како што е, на пример, американскиот E-3 AWACS. Рускиот „летечки радар” е направен врз база на авионот Ил-76МД-90А, поседува дигитален систем за навигација и управување, „стаклена” пилотска кабина и нов двофреквентен радар (DBR) са фазна антенска решетка, благодарение на која ги „гледа“ дури и ловците и бомбардерите направени според „стелт“ технологијата.
„Основните карактеристики на авионот А-100 и неговата отпорност на радиоелектронско дејство и непосредно отворање на оган му овозможуваат брзо да воспостави радарска контрола на зададен оперативен правец“, нагласува руското Министерство за одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче