МиГ-35 ќе поседува арсенал на оружје со голем дострел

Дмитриј Пичугин/Wikipedia.org
Најновиот продукт на корпорацијата МиГ- повеќенаменскиот авион МиГ-35, ќе добие нови воздухопловни убојни средства со голем дострел. Ова за ТАСС го соопшти претставничката на корпорацијата Анастасија Кравченко, која се наоѓа на големиот саем за воздухопловство во Дубаи.

Зборувајќи малку поопширно за овој проект, таа истакна дека новите убојни средства кои се развиваат за овој авион ќе бидат способни да уништуваат цели на големи растојанија, без да влезат во зоната на дострел на непријателските системи за ПВО. Унапредениот арсенал на оружје со голем дострел во најголема мера се однесува на ракети „воздух-земја“ и „воздух-воздух“.

Во моментов се испитува најновиот електро-оптички комплекс ОЛС, како и радарско-електронската компонента која ќе биде интегрирана на овај авион. Усовршувањето на напаѓачко-навигацискиот систем на авионот ќе биде приоритет за руските инженери. Пилотот ќе има на располагање неколку десетици борбени режими кои ќе му овозможат експлоатација на практично целокупната номенклатура на воздухопловното оружје кое во моментов се произведува во Русија. Се планира интеграција на новата генерација на електро-оптичкиот комплекс ОЛС, како и на системот за ласерско озрачување на целта, што значително ќе ги прошири, но и унапреди можностите на авионот за напад на копнени цели.

Покрај активностите на унапредување на МиГ-35, кој судејќи според сѐ, ќе стане респектабилна борбена платформа, корпорацијата МиГ работи и на конструирање на беспилотен воздухопловен комплекс со голема брзина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња