Турски новинари пронајдоа докази за поврзаноста на Ердоган со терористите

Сандаци со „хуманитарна помош” од Турција дури се обележани со знаци на терористичкото движење.

Во турските медиуми се појавија фотографии кои ја докажуваат тесната поврзаност со терористичките организации на територијата на Сирија. На фотографиите се гледа дека „хуманитарната помош“, за која турските власти толку многу се грижеа последниве денови, не била наменета за цивилите, туку за терористите на „Крајбрежниот фронт“.

Кутиите со „помош“ од Турција, која е дел од меѓународната коалиција за борба против „Исламската држава“, дури се обележани со знаците на терористичкото движење. Турција испраќаше повеќепати вакви пратки со конвои за претставниците на „умерената опозиција“, пишува порталот „РЕН ТВ“.    

Сомневањата за тоа дека Турција во Сирија не испраќа само хуманитарна пратка се појавија откако турските власти соопштија за наводни напади врз колони кои носат помош за цивилите. Оваа информација ја провери руската страна. Излезе дека Турција претходно не го најавила официјално движењето на колоната со хуманитарна помош. Не е познато колку пати Турците успеале тајно да префрлат колони преку границата.

Вчера претседателот на Русија Владимир Путин ги коментираше соопштенијата на Турција за нападите врз колоните што одат за Сирија. Тој изрази сомнеж за содржината на товарот.

„Колку што ми е познато, хуманитарната организација на која се повикуваат турските власти веќе објави дека во тоа време на наведеното место не биле ниту нејзината колона ниту нејзините претставници. А ако и имало некаква колона, тогаш според меѓународното право требало да се утврди каква колона каде се движела и што правела. Бидејќи ништо од тоа не е сторено, кај нас се појави сомнеж дека постоела некаква колона која не превезувала хуманитарна помош. Тоа е уште еден доказ за давање поддршка на меѓународниот тероризам“, изјави рускиот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.