Воен експерт ги спореди новиот руски извидувачки авион А-100 и американскиот AWACS

„Во моментов во состав на вооружувањето ги имаме авионите А-50 кои го реализираат основниот список на функции за радарско набљудување и наведување. А-100 е следната верзија на таквиот систем за извидување и укажување на цели“. На фотографијата: A-50.

„Во моментов во состав на вооружувањето ги имаме авионите А-50 кои го реализираат основниот список на функции за радарско набљудување и наведување. А-100 е следната верзија на таквиот систем за извидување и укажување на цели“. На фотографијата: A-50.

Максим Максимов/Wikipedia
Уште сега може да се каже дека рускиот извидувачки авион А-100 „Премиер”, кој како основа го има значително модернизираниот Ил-76, ќе биде понапредно летало од американскиот Boeing E-3 Sentry AWACS.

Првиот лет на најновиот руски авион за радарско набљудување и наведување А-100 „Премиер” е планиран до крајот на годината, а испораките ќе почнат по завршените испитувања 2020 година, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

„Во моментов во состав на вооружувањето ги имаме авионите А-50 кои го реализираат основниот список на функции за радарско набљудување и наведување. А-100 е следната верзија на таквиот систем за извидување и укажување на цели, што на руските Воздушно-космички сили им е многу потребно. Во суштина, авионот извршува не само задачи за радарско набљудување на големи далечини, туку може да се користи и како командно место кое ги проследува целите. Треба да се има на ум дека карактеристиките на леталата од оваа класа претставуваат државна тајна”, рече заменик-главниот уредник на списанието „Арсенал отечества” Дмитриј Дрозденко.

„Можностите на овој авион не се објавуваат во јавност, затоа што тој извршува функција на систем за откривање на противнички извидувачки авиони, крстосувачки и балистички ракети и на сѐ останато што лета по должината на нашите граници. Фактички ова летало ги координира дејствијата на вооружените сили и затоа ни руската, ни американската војска нема да ги објавуваат реалните карактеристики на овие авиони. Па сепак, се смета дека А-100 е понапредно летало поради тоа што во него се користат компјутерски технологии на XXI век”, објаснува стручњакот.

Сепак, Boeing E-3 Sentry AWACS го направи првиот лет далечната 1975 година. И покрај тоа што неговото сериско производство е завршено во 1992 година, тој и понатаму е во состав на американската војска како основен извидувачки авион. Него може подобро да го споредуваме со авионот А-50, кој првпат полета 1978 година. Како што истакнува стручњакот, А-100 е значително посовремено летало. Радарот на „Премиер“ има поголем домет, а компјутерот побрзо чита и обработува значително поголем број на цели.

Според зборовите на рускиот заменик-министер за одбрана, А-100 е револуционерно летало, неговиот радар има исклучителни карактеристики и ќе ја дефинира формата на авијациските системи за извидување уште многу години. Тој тврди дека за А-100 нема да постојат невидливи авиони, прашањето е само од која далечина тој ќе може да ги детектира.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња