МиГ-35: херојот на „догфајт“

Извор: Press Photo

Извор: Press Photo

Руските воено-воздушни сили ќе добијат нов лесен ловец. Корпорацијата МИГ треба да го создаде за 2, максимум за 3 години. „Во март-април годинава се очекува потпишување државен договор за изведување експериментално-конструкторска работа за ловецот МиГ-35, кој ќе биде разработен според техничките барања на Воено-воздушни сили на Русија“, соопштува новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на извори од одбранбено-индустрискиот комплекс.

Кус залет, нагло, речиси вертикално искачување нагоре – и ловецот веќе кружи во прекрасен воздушен валцер. Директен лет со зголемување на брзината, но наместо ефикасно „излегување“ од видливата зона – целосно кочење на целиот труп на авионот. Авионот буквално „застанува“ на опашката, истегнувајќи го вертикално носот. Потоа оди надолу. 

Претходни ваквите „трикови“ беа достапни само на машините на фирмата „Сухој“, ловец со променлив вектор на тежата на моторите Су-30МКИ создаден по нарачка на Индија. Кусиот залет, наглото кочење и незамисливи маневри за еден авион му даваат на пилотот на ловецот тактичка предност во контактната воздушна борба – догфајт. Денес овој монопол во воздушниот простор го урна уште еден руски ловец – МиГ-35. 

Јак-130: летачки Ајфон
Во следниве две-три години Москва сака да му го претстави на светскиот пазар најновиот школски авион Јак-130.

Надворешно МиГ-35 не се разликува од обичниот МиГ-29. Трупот ги има истите линии, но пилотската кабина е сосема поинаква – стаклена, како кај најсовремениот американски ловец од петтото поколение F-22 Raptor и како кај рускиот Т-50. Кабината на МиГ-35 повеќе нема прибор за стрелање. Насекаде има ЛЦД-панели. На нив се прикажува сета информација за летот и за борбата. Ова е првичниот изглед на кабината на ловецот од петтото поколение, вели Гиви Џанџгава, првиот човек на компанијата Технокомплекс, која се занимава со разработка на современа авионика за руската авијација. Второто ноу-хау е најновиот мотор конструкторското биро „Климов“ РД-33ОВТ. Неговата млазница може да ротира во кој било правец. И тоа не само во режим на „нормален“ лет, туку и при дополнително согорување. Ова својство прави радикална разлика помеѓу МиГ-35 и Су-30МКИ или американскиот F-22. Едноставно, МиГ има можност за поголем маневар и управување во сите режими, и во брзина, и во целосно нејзино отсуство. 

МиГ-35 може подеднакво успешно да води борба со воздушни, надземни и со морски цели. На ловецот е поставен радар Жук-МЭ, кој му овозможува функционирање во режим на картографирање на околината. Значително е проширена номенклатурата на применливото управувачко и неуправувачко авијатичко вооружување. За разлика од неговите претходни модификации, ловецот нема носивост од 4, ами од 6 тони боев товар, што според неговите можности го приближува до тешките ловци (до 8 тони боев товар). 

Не многу одамна МиГ-35 поминаа споредба на индискиот тендер за испорака на 126 летачки ловци на сума од 10 милијарди американски долари. Овој тендер го доби францускиот Rafale. Причина за ова е неговата технолошка надмоќ над останатите конкуренти, а исто така и ветувањето од страна на Париз да му ги предаде на Делхи клучните технологии за производство на овие авиони. 

Впрочем, во случајот со Индија страните сè уште се немаат договорено за конечната цена на машините, ниту, пак, за предавањето на технологијата за нивно производство на која Њу Делхи толку се надева. Министерот за одбрана на Индија Манохар Парикар изјави дека зделката за Rafale може да биде многу скапа за земјата: компанијата Dassault Aviation ја зголеми цената на еден авион за двапати – од 65 милиони на 120 милиони американски долари. Ова значи дека целата партија од 126 машини нема да чини 10, туку 28-30 милијарди долари. 

Како дополнување на ова ќе треба да се потрошат значителни средства за опремување на ловецот со ракети и со бомби. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Индија Виџај Кумар Сингх, подвлекувајќи ја цената и сигурноста на руските повеќенаменски ловци Су-30 што се произведуваат по лиценца во Индија во споредба со францускиот Rafale. Како резултат на тоа Делхи се откажа од зделката со Французите. Не е исклучено дека сега индискиот воен ресор повторно ќе се насочи кон рускиот лесен ловец МиГ-35, кој во иднина ќе може да се применува не само на надземните аеродроми, туку и на носачите на авиони. Имено во ваква варијанта и ќе го купува рускиот воен ресор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња