На МВС Русите пронајдоа бактерии кои можеле да долетаат од вселената

AFP
Научниците сега се обидуваат да одговорат на прашањето од каде потекнуваат бактериите пронајдени на површината на Меѓународната вселенска станица и не ја отфрлаат можноста дека не доаѓаат од Земјата.

Една од овие бактерии е распространетата на Земјата Bacillus pumilus, но се однесува неспоредливо поактивно во споредба со земната, велат научниците. Вонземното потекло на бактериите не е исклучено, рече главниот стручњак за истражување на МВС од Централниот научно-истражувачки институт за машиноградба (ЦНИИмаш) Елена Шубралова. „Но за да можеме да тврдиме дека бактериите се од вонземно потекло, мораме да спроведеме многу истражувања. Засега јасно дека тие бактерии се поактивни отколку на Земјата“.

Како што велат стручњаците од ЦНИИмаш, за седум години од површината на МВС се земени 19 проби во кои редовно пронаоѓале бактерии. Кога тие бактерии доаѓаат на Земјата продолжуваат да живеат. „Во 75% од нив пронајдовме фрагменти на ДНК“, рече Шубралова.

Меѓутоа, таа додава дека бактериите можеле да дојдат и од Земјата.

Најзастапен бактерија на површината на вселенската станица е Bacillus pumilus, која живее во земјата. Откриена е и „интересна габа“ на екранот на системот за терморегулација на станицата, каде температурата не се менува од плус 150 до минус 150 степени.

Шубралова додава дека во моментов научниците располагаат со мала количина бактерии за да можат да изведат сигурни истражувања. Понатаму планираат да испратат во вселената исти видови на бактерии од Земјата.

„Сакаме да видиме како бактериите од Земјата ќе преживеат во отворената вселена“, изјави научникот. „Ако тие бактерии не преживеат, значи дека откриените бактерии се од вонземно потекло“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња