Инженерите на екипажот МВС-40, Олег Артемјев и Александар Скворцов го извршија својот прв излез во отворена вселена според програмата на рускиот сегмент во Меѓународната вселенска станица, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Во 18:10 по московско време Артемјев и Скворцов ги отворија вратите на отсекот 'Пирс' и започнаа со работа надвор од станицата“, известија во подмосковскиот Центар за управување со летови. Русите работеа во отворена вселена шест часови.
На површината на Меѓународната вселенска станица космонаутите ќе извршат неколку задачи. Меѓу другото, тие ќе извршат монтажа на нова антена АФАР, како и експерименти за земање примероци од потенцијални бактерии кои би можело да се најдат на надворешната површина на еден од илуминаторите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче