Руски космонаути првпат за година и половина излегоа во отворена вселена

Космонаутите на „Роскосмос“ Сергеј Волков и Јуриј Мленченко во отворена вселена.

Космонаутите на „Роскосмос“ Сергеј Волков и Јуриј Мленченко во отворена вселена.

Роскосмос
Минатиот пат од рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица во вселената излегуваа Јуриј Маленченко и Сергеј Волков на 3 февруари 2016 година.

Руските космонаути Фјодор Јурчихин и Сергеј Рјазански првпат за година и половина излегоа во отворена вселена, пренесува дописникот на РИА „Новости“ од Центарот за контрола на летање каде што се врши пренос од излегувањето.

Минатиот пат од рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица во  вселената излегуваа Јуриј Маленченко и Сергеј Волков на 3 февруари 2016 година.

Во текот на шестчасовниот престој космонаутите ќе лансираат пет наносателити во орбитата: „ТС530-Зеркало“, кој ќе го предвидува движењето на МВС, два сателита „Тањуша“ кои ќе им ја честитаат на жителите на Земјата 60-годишнината од лансирањето на првиот вештачки сателит, „Томск-ТПУ-120“, кој ќе пренесе порака од студентите на Томскиот политехнички универзитет на 11 јазици, и апаратот „ТНС-0“ Бр. 2, на кој ќе биде одработена руската платформа за мали сателити.

Покрај тоа, Јурчихин и Рјазански ќе подготват мал истражувачки модул (МИМ-2) „Поиск“ за понатамошно излегување од него во отворена вселена, ќе спроведат експерименти за користење на селотејп за поправка на оштетените површини на станицата и ќе го проценат степенот на штетно влијание на микрофлората на површината на МВС. Исто така, космонаутите ќе спроведат експеримент за анализа на ориентацијата на штетни гасови од моторите на станицата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња