Црноморската флота до крајот на годината добива три нови фрегати

Првите три нови фрегати од Проектот 11356 ќе бидат вклучени во составот на Црноморската флота до крајот на оваа година, соопшти командантот на Црноморската флота адмирал Александар Витко.

Адмирал Александар Витко соопшти дека Црноморската флота до крајот на ова година ќе биде побогата за три нови фрегати од Проектот 11356, пренесува РИА „Новости“.

Руската воена морнарица денес прославува 320 години од своето постоење.

„Планирано е есенва да пристигне вториот, сега веќе сериски брод од тој проект, „Адмирал Есен“, кој ги помина сите тестирања. По учеството на парадата посветен ана Денот на Воената морнарица ќе биде префрлен од Балтичката во Црноморската флота. До крајот на годинава во Севастопол го очекуваме и третиот брод од „адмиралската серија“, „Адмирал Макаров“. Во секој случај, динамиката на тестирањето и неговите резултати ги прават основани ваквите тврдења“, рече Витко.

Тој потсети дека во 2016 година во Севастопол пристигна главната фрегата од Проектот 11356 „Адмирал Григорович“.

Според плановите на Министерството за одбрана на Русија Црноморската флота до 2020 година треба да добие шест фрегати од проектот 11356, меѓутоа поради одбивањето на Украина да испорача мотори, изградбата на втората тројка бродови е запрена.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња