Руски лекар живее со сибирски волк во еднособен стан

Global Look Press
Иван Лебедев, лекарот на психоневролошко одделение во старечки дом во Волгоград, се преселил во овој град пред шест месеци од Астрахан, заедно со два териера и волче и сега живее во еднособен стан.

Според него, волкот се покажал како многу попаметен од кучињата, па така умее да ги отвори прозорците и да запали светло. Волчето го зел на предлог на фармери од Астраханската област кои во близина на своето село пронашле волчо дувло. Волчицата ги отфрлила младенчињата и го напуштила дувлото.

„Пред година и половина бев со своите кучиња на натпревар во Волгоград. Имам два германски ловечки териери, со хартија и дипломи. Со тоа се занимавам професионално. Фармерите ми се јавија на телефон и ми кажаа за волчињата. Им кажав дека ќе земам две. Кога дојдов, го зедов оној кој сам ми пријде, дури и мавташе со опашот. Вториот го зеде еден пријател. Вистина, неговото волче веќе го нема, почна да напаѓа пилиња и гуски, па затоа го убија. А овој, изгледа, го спасив“, изјави Лебедев за РИА „Новости“.

Волчето не се плашело од него, што е мошне ретко и необично, тврди Лебедев. Токму затоа и се решил да го земе. Во иднина планира да се занимава со одгледување. Како во Перм, каде одгледуваа волкопси кои сега служат на граница.

„Волчето го донесов во својот стан, тогаш уште живеев во Астрахан. Во февруари 2018 година се преселив во Волгоград, бидејќи ќерка ми се запиша на факултет на локалниот универзитет. И сега во станот сме ќерката, двете кучиња, волчето и јас. Сите заедно живееме во еднособен стан“, раскажува Лебедев.

Според овој одгледувач на кучиња, волкот е вакциниран и регистриран во градската ветеринарна станица и има свој пасош. Засега од Лебедев се пожалиле само трипати, и тоа не биле соседите, туку случајни минувачи. Полицаецот по проверката немал никакви забелешки.

„Со волкот шетам дневно двапати по три часа. Тој по прошетката спие, а јас заминувам на работа во старечки дом. Работам како лекар на психоневролошко одделение. За викенд надвор од градот минуваме по десет часа. Планирам да купам плац и таму да се преселам со волкот. Таму ќе ни биде поудобно“, додава Лебедев.

Прочитајте повеќе: Како да се скроти мечка: искуството на едно руско семејство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња