Црноморската флота на Русија ќе биде пополнета со ултрамодерни фрегати

Црноморската флота добива шест ултрамодерни фрегати.

Црноморската флота на Русија ќе биде пополнета со уште пет ултрамодерни фрегати од Проектот 11356, соопшти ополномоштениот претставник на претседателот на РФ во Кримскиот федерален округ Олег Белавенцев, пренесува РИА „Новости“.

Првата фрегата „Адмирал Григорович“ од Проектот 11356 пристигна во четвртокот на местото на постојано стационирање во Севастопол.

„Вчера во Севастопол пристигна првиот брод од серијата 11356 „Адмирал Григорович“. Тоа е ултрамодерна фрегата, бродови од оваа класа веќе 35 години немаат дојдено на Крим. Флотата се засилува, во блиска иднина ќе дојде уште една фрегата од иста класа – „Адмирал Есен“, реле Белавенцев на свечената церемонија по повод претстојниот Ден на Русија.

Покрај тоа, според зборовите на Белавенцев, во наредните неколку години се очекуваат уште четири фрегати.

„Шест бродови од оваа класа ќе се наоѓаат во Црното и Средоземното море“, заклучи Белавенцев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња