Русија ја зајакнува Црноморската флота

Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, адмиралскиот брод на Црноморската флота на Русија. Фотографија од слободни извори.

Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, адмиралскиот брод на Црноморската флота на Русија. Фотографија од слободни извори.

Сиве овие години откако е потпишана руско-украинската спогодба за Црноморската флота, Киев под различни изговори го попречуваше пополнувањето на флотата со нови бродови, подморници, со воени авиони, системи за противвоздушна и крајбрежна одбрана. Сега ситуацијата се менува.

Претседателот на Русија Владимир Путин им наложи на премиерот Дмитриј Медведев и на министерот за одбрана Сергеј Шојгу до 1 јуни 2014 година да подготват програма за развој на Црноморската флота. Засега не се знае што точно ќе опфаќа оваа програма, но навистина постои потреба флотата итно да се обнови и да се зајакне. 

„Најмладите“ бродови во Црноморската флота се ховеркрафтите „Сивуч“ од проектот 1239 „Бора“ и „Самум“, вооружени со противбродски ракети „Москит“ (3М80). Тие се ставени во вода кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век и одамна им е потребно редовно, ако не и генерално сервисирање. Главниот брод на Црноморската флота е во оперативна употреба од 1983 година. Станува збор за ракетниот крстосувач од класата „Атлант“ проект 1123 Moskva class кој од самиот почеток го носи називот „Слава“ и е вооружен со противбродски ракетен систем „Вулкан“ (П-1000). 

Воената морнарица на Русија ќе се вооружи со кримските борбени делфини
Кримските борбени делфини сега ќе служат во воената морнарица на Русија. Севастопољскиот државен океанариум се подготвува со тренирање на животните по нови програми во интерес на руската флота. Ова за РИА Новости го соопшти вработен во океанариумот кој сакаше да остане анонимен.

Останатите противподморнички, десантни и ракетни бродови на Црноморската флота се многу постари. Истото важи и за дизел-подморницата, единствената што ја поседува оваа флота. Некои од споменатите пловила се стари педесет и повеќе години, што е навистина многу, ако не и премногу за поморска борбена техника.

Раководството на земјата одамна планира да ги обнови бродовите на Црноморската флота. Во најскоро време флотата треба да добие шест нови фрегати од проектот 11356 Talwar кои се градат во калининградското бродоградилиште „Јантар“. Првата го доби името „Адмирал Григорович“. Таа веќе спуштена во вода и ќе биде укотвена во бродоградилиштето додека не завршат крајните работи. Во Севастопољ треба да стаса до крајот на годинава. Изградбата и тестирањето на овие фрегати нема да одземе многу време, зашто калининградските бродоградители одамна го имаат усовршено проектот 11356. Неколку вакви бродови неодамна беа изградени во Индија.

Отприлика во истиот рок Црноморската флота треба да добие и шест дизел-електрични подморници од проектот 636 „Варшавјанка“ или Improved Kilo. Оваа подморница поради нејзината нечујност НАТО ја нарекува „црна дупка во океанот“. Првата подморница го доби името „Новоросијск“. Во Црноморската флота треба да стаса налето во 2015 година.

Киев оневозможуваше овие бродови и подморници да бидат разместени во Севастопољ, така што за нив во Новоросијск се гради нова воено-поморска база, скриена од црноморските ветрови. Првата фаза на изградбата е завршена, но сега „подмладокот“ на Црноморската флота ќе биде упатен во Севастопољ. 

Можно е некои подморници да бидат разместени во Балаклава каде постојат напуштени подводни окна кои можат да се реновираат. Подморниците би можеле да се базираат таму, со оглед на тоа што овие планински објекти се заштитени од воздушни удари. 

Секако, потребно е да се обнови и авијацијата на Црноморската флота. Треба да се реновираат аеродромите, односно да се замени опремата за навигација и за контрола на летањето. На овие аеродроми се разместени јуришни авиони Су-24 Fencer на кои исто така им е потребна модернизација. Во Црноморската флота особено се потребни стратешки бомбардери Ту-22М3 Backfire. 

Најверојатно ќе бидат зајакнати единиците за извидување и за противвоздушна одбрана. Тие ќе бидат опремени со противавионски системи С-350 и С-400. 

Програмата за развој на Црноморската флота секако ќе го опфати и прашањето за развој и за обнова на кримските претпријатија за бродоградба и за ремонт на бродови. Меѓу нив е и Севастопољското бродоградилиште и бродоградилиштето „Залив“ во Керч. Не е исклучено дека сега нему ќе му биде доверена реализацијата на еден дел од производната програма на Министерството за одбрана на Русија. 

Обновената и зајакната Црноморска флота ќе обезбеди значително поголема безбедност на Русија на јужните граници, со тоа што зоната на нејзината одговорност нема да биде само подрачјето на кое е базирана, туку и Средоземното море.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња