Руското Министерство за одбрана објави снимка од американски разурнувач во руски територијални води

Рускиот воен ресор објави снимка од инцидентот со американскиот разурнувач „Џон Мекејн“. Американскиот брод вплови во руските територијални води во заливот Петар Велики. Откако прими предупредување од противподморничкиот брод на Тихоокеанската флота на Русија „Адмирал Виноградов“, американскиот разурнувач веднаш се повлече во неутрални води.

На снимката може да се види како рускиот брод со полна брзина плови кон американскиот разурнувач. Според податоците на рускиот воен ресор, „Џон Мекејн“ навлегол два километри во руските територијални води.

Командата на Седмата флота на САД соопшти дека разурнувачот спроведувал операција на „обезбедување слободна пловидба“.  

Како што претходно објави весникот „Росијскаја газета“, инцидент се случи на 24 ноември во 06:17 по московско време. Големиот противподморнички брод на Тихоокеанската флота „Адмирал Виноградовˮ, кој го следеше американскиот разурнувач преку меѓународниот комуникациски канал, ги предупреди Американците на недопустливоста на таквите потези и можноста за примена на маневарот „клунов удар“ за да се истера странскиот брод од руските територијални води.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња