Украина го продолжи ембаргото за руски производи до крајот на 2017

Владата на Украина го продолжи ембаргото за руски производи.

Владата на Украина го продолжи ембаргото на руски производи до крајот на 2017 година, со што одговори на продолжувањето на трговските ограничувања што ги воведе Русија.

Русија на 1 јануари 2016 година воведе забрана за увоз на земјоделски производи, суровини и храна од Украина за да го заштити својот пазар со оглед на фактот дека Украина му се приклучи на режимот на слободна трговија со ЕУ. Украина потоа одговори со забрана за увоз на 43 видови производи од Руската Федерација.

Според податоците на Министерството за економски развој и трговија на Украина, ограничувањата доведоа до пад на трговската размена меѓу двете земји за 42% оваа година, пишува „Известија“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња