Медиум: Во метрото во Санкт Петербург пронајдена експлозивна направа

Во метрото во Санкт Петербург е пронајдена уште една експлозивна направа. Во моментов се работи на нејзино деактивирање.

Ова го соопштува „Фонтанка.ру“.

„На станицата „Плоштад на Востанието“ е пронајдена неактивирана експлозивна направа. Во моментов ја деактивираат“, се вели во соопштението.

На 3 април во метрото во Санкт Петербург се случи експлозија. Според различни информации, инцидентот се случил или на станицата „Технолошки институт“, или на „Сенаја плошчад“. Според информациите на медиумите, како резултат на експлозијата загинале десет луѓе, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња