Новиот украински премиер планира да ги врати Крим и Донбас

Премиерот Владимир Гројсман вети дека Киев никогаш нема да го признае излегувањето на Крим и Донбас од состав на Украина.

Новиот украински премиер Владимир Гројсман го означи како главен приоритет на новата влада зголемувањето на одбранбената моќ. А тоа е неопходно, како што нагласи тој, за да се скроти агресијата на Русија.

Гројсман изјави дека Киев никогаш нема да го признае излегувањето на Крим и Донбас од состав на Украина.

„Би сакал јасно да ја искажам својата позиција. Ние никогаш нема да признаеме дека дел од нашата земја, кој е насилно оттргнат, повеќе не ѝ припаѓа на Украина. Тоа е рана која ќе заздрави кога ќе биде обновен целокупниот територијален интегритет на нашата земја. Одлуката за основање специјално министерство е најдоброто сведоштво за тоа дека ова прашање ќе биде меѓу приоритетните задачи на новата влада“, изјави Гројсман, пренесува „Рен ТВ“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња