Три сценарија за украинската криза

Максим Никитин / ТАСС
Украинскиот проблем поврзан со донесување на амандман на уставот предвиден со спогодбата од Минск, а кои се насочени кон решавање на кризата во Донбас, повторно раѓаат сомнеж во можноста за постигнување стабилен мир на истокот од Украина. „Руска реч на македонски“ поразгорава со руските експери и издвои три главни сценарија за развој на ситуацијата во Украина: од можностите за обновување на воените дејствија до статус кво.

Прво сценарио – привлечен блицкриг

Во Донбас и понатаму се пука од едната и од другата страна, без оглед на постигнатите договори и посетата на набљудувачите на ОБСЕ на линијата на разграничување. Има и загинато. Почнувајќи од септември 2015 година ракетирањето продолжува со намален интензитет, но не престанува. Пред неколку дена Марјинка (предградие на Донецк) беше поприште на тричасовни борби. Во нив најмалку три лица беа ранети

Војната никако да престане во овој регион. Згора на тоа постои можност во Донецк во целост да бидат обновени воените дејствија, смета Михаил Ремизов, директор на Институтот за национална стратегија. „И понатаму привлечно изгледа идејата да се пресече Гордиевиот јазол. Вакви идеи пред сè негува Киев. Односот на силите во зоната на конфликтот е таков што Вооружените сили на Украина сега се во голема предност и сосема е можно украинската страна сериозно да го разгледа сценариото за блицкриг“, изјавува аналитичарот за „Руска реч на македонски“.

Ова сценарио може да стане ралност доколку властите во Киев сфатат дека е невозможно да се усвојат уставните амандмани кои се однесуваат на децентрализацијата на Украина, а особено на оние региони на ДОнбас кои не ја признаваат актуелната киевска власт. Проблемот е во тоа што претседателот Порошенко, кој ја потпиша спогодбата во Минск како „патна карта“ за воспоставување мир во Донбас, нема мнозинство во парламентот кое е неопходно за одобрување на внесувањето измени на уставот. Многу пратеници сметаат дека предложените амандмани се преголема отспака за Донбас. Патем, ДНР и ЛНР сметаат дека усвојувањето на амандманите само по себе не е доволно. Парламентот на Украина во врска со ова прашање дојде во ќор-сокак. Доколку во ваква ситуација меѓународната заедница изврши поголем притисок врз укаринскиот претседател, Киев може да побара излез од ваквата ситуација во примената на сил, со тоа што претходно ќе организира некаква провокација во Донбас. Украинската војска ќе биде „принудена да одговори“ на оваа провокација, смета Ремизов, и така исполнувањето на спогодбата од Минск ќе биде потисната на втор план во контекст на заострувањето на конфликтот.

Сепак, мала е веројатноста дека настаните ќе се одвиваат во оваа насока. Многу поголеми шанси имаат другите две сценарија, без ескалација на вооружениот конфликт.

Второ сценарио – киевските политичари постигнуваат договор

Претходното искуство на воено решавање на кризата во Донбас не влева посебна надеж со оглед на тоа што украинските единици неколку пати имаат претрпено тежок пораз. Во овој контекст примената на силите може да изгледа како премногу голем ризик.

Постојат и други причини кои можат да ги принудат украинските парламентарци да им подлегнат на притисоците и да ги изгласаат амандманите на уставот. Како што истакнува рускиот политиколог и директор на независната фондација „Центар за политички технологии“ Игор Бунин. Киев не сака токму нему да му биде припишана вината за неуспехот на спогодбата од Минск. „Ако тие (амандманите на уставот – заб. ред.) не бидат донесени, тогаш САД и Европа ќе сфатат дека Украина ја носи одговорноста за овој неуспех“, вели експертот за „Руска реч на македонски“, изразувајќи уверување дека „во ваква ситуација украинскиот парламет под заеднички притисок (на земјите од Западот) може да ги собете неопходните две третини (пратенички гласови).

Но, мнозинството набљудувачи се сомневаат дека Врховната рада ќе ги одобри овие амандмани. Според нив многу е поверојатно сценариото кое подразбира зачувување на сегашната состојба.

Трето сценарио – статус кво

Со оглед на тоа дека украинските власти немаат можност во овој момент да ги донесат амандманите во парламентот, а не сакаат да носат одговорност за неуспехот на спогодбата од Минск, тие и понатаму ќе се обидуваат да го променат толкувањето на оваа спогодба, така што ќе излезе дека Москва е таа што треба да го направи првиот чекор, смета Владимир Жарихин од Институтот за проучување на Заедницата на независни држави. Но, тешко дека тоа ќе им успее, истакнува тој.

Во однос на останатите прашање ќе продолжи инитирањето на исполнување на спогодбата од Минск. „Сè што се случува со (претседателот) Порошенко претставува обид да се зачува власта со помош на псевдореформи“, смета директорот на киевскиот Институт за стратешки истражување „Нова Украина“ Андреј Ермолаев. Имитацијата ќе продолжи сè дури не се пронајде нова политичка формула за решавање на проблемите на Донбас како главни прашање на политичкиот живот на Украина. Но, ваква формула не може да се пронајде без дијалог со претставниците на Донбас. Киев не презема таков чекор дури ни по све години од конфликтот и упорно ги карактеризира своите противници во Донбас како „бандити и терористи“. Во тој политички ќор-сокак, резимира Ермолаев, „власта бара начини да се одржи барем уште две години“, односно до следните претседателски избори.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња