САД објаснија зошто нема да ја наоружаат Украина

САД сметаат дека воено решение на конфликтот во Донбас „би било катастрофа за сите“, изјави постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауер.

„Дојдовме до заклучок дека воено решение би било катастрофа за сите. За Украинците би било поболно, би страдале повеќе луѓе отколку досега во конфликтот“, одговори Саманта Пауер во интервјуто за „Глас на Америка“ на прашањето зошто САД и покрај барањата на Киев не ѝ испорачуваат смртоносно оружје на Украина, пишува „Взгљад“.

Таа исто така изјави дека ја разбира „очајната состојба на луѓето во Украина“, но дека американската страна веќе ѝ понудила на украинската помош од три милијарди долари.

„Понудивме голема помош која не е смртоносно оружје – околу 3 милијарди долари позајмица и друг вид помош. Сега многу инвестираме во сферата на правосудството и во борбата против корупцијата. А испораката на смртоносно оружје може негативно да влијае на коалицијата и на санкциите против Русија“, изјави Пауер, додавајќи дека антируските санкции ќе бидат на сила „сѐ додека Крим не стане дел од Украина“.

„Никогаш нема да го признаеме она што го стори Русија, дури и ако досега се ограничуваме  само на зборови и санкции“, додаде таа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња