Воздушно-космичките сили на Руската Федерација ги почнаа подготовките за новото меѓународно натпреварување за екипажи на ПВО-системите С-300 „Клучевите на небото“ кое ќе се одржи во рамките на Армиските меѓународни игри, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ за Воздушно-космичките сили полковник Игор Климов.
„Засега се разработени плановите за подготовка и програмите за одржување на натпреварувањето, како и методолошките прирачници за подготовка на екипите. Во тек е подготовка на наставно-материјалната база на центарот за борбена обука и борбена примена на Воздушно-космичките сили во Астраханската област за одржување на натпреварувањето“, истакна Климов, а пренесува „ТВ Ѕвезда”.
Еден од противвоздушните дивизиони базиран кај Воронеж доби наредба итно да го промени место на стационирање и да заземе реон за борбено дежурство оддалечен сто километри. Колоната со системите С-300 почна да се дислоцира десет минути по добивањето на командата.
На една од шумските чистинки колоната со системите С-300 беше пресретната од диверзантска група. Заштитата на колоната беше подготвена за таков развој на настаните, но не знаеше кога и каде ќе дојде до симулиран напад од непријателот.
Единицата за одбрана не само што го одби нападот на диверзантската група на непријателот туку, заземајќи кружна одбрана, ги блокираше сите обиди на непријателот да заземе позиција.
По успешниот засилен марш низ шумата покриена со снег, системите С-300 се наоѓаа 24 часа во состојба на борбена готовност, подготвени да извршат напад врз секоја воздушна закана.
Меѓународните натпреварувања „Авиадартс” и „Клучевите на небото” ќе се одржат во јули и август 2016 година. Натпреварувањето „Клучевите на небото“ ќе се одржи на полигонот Ашулук во Астраханската област.
Видеото од маршот на системите С-300 можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче