С-300 – кошмар за генералите на НАТО

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

С-300 припаѓа на семејството советски, а потоа и руски противавионски ракетни системи. „Руска реч“ за вас подготви преглед на неколку модификации на системи кои деновиве привлекуваат особено внимание кај светската јавност во врска со подготвеноста да Русија да ѝ испорача на владата на Башар ал Асад С-300 за одбрана на сириското небо од авијација и од ракети од кој било потенцијален противник.

 

Како се создаваше С-300? 

Поради сè поголемите можности на средствата за контрола на воздушното пространство (КВП), вклучувајќи го и појавувањето на стратешките крстосувачки ракети ALKM (air-launched cruise missile), речиси истовремено со разработувањето на ракетниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Запад, во Советскиот сојуз кон крајот на шеесеттите години од минатиот век беше започната разработката на нов противавионски ракетен систем со опсег од околу 100 километри. 

Создаден е како универзален (противавионски и противракетен) систем под називот С-300. Првите тестирања беа извршени кон средината на седумдесеттите години од минатиот век.

 

Намена и карактеристики

Постои серија различни модификации на системот С-300. Покрај копнените варијанти (на тркала или со гасеници) во вооружувањето е воведен и бродски систем

Првиот ракетен систем за противвоздушна одбрана С-300 со среден дострел е наменет за одбрана на важни административни, индустриски и воени објекти од напад од воздух со авиони од стратешката и тактичката авијација, како и од крстосувачки и од аеробалистички ракети. Овој систем стана основа за противавионските ракетни единици на противвоздушната одбрана на земјата од 1975 година.

Суштинска карактеристика на овој систем е повеќеканалноста која овозможува истовремено гаѓање на неколку цели (што е од посебно значење кај одбивањето масовни напади од непријателската авијација и од крстосувачките ракети), како и високиот степен на мобилност.

 

ЗРС С-300ПС е воведен во вооружувањето во 1983 година како самодвижечка варијанта (оттука и буквата „С“ во индексот, „П“ значи противвоздушна одбрана /ПВО/), направена е со користење на искуствата од водењето борби во Виетнам и на Блискиот Исток, каде издржливоста на ПВО во голема мера зависела од нивната мобилност и од способноста навремено да ги избегне нападите од непријателот.

Новиот противавионски ракетен систем можеше за најмногу пет минути да заземе положба за дејствување или да се премести на нова позиција за делување директно од позиција на марш. По 1991 година ракетниот ОВО систем беше тестиран на полигон. Во таа пригода беше покажан неговиот значаен потенцијал како противракетно средство кое според тие показатели го надминуваше американскиот противавионски ракетен комплекс „Патриот“.

Извор: РИА Новости.

ЗРС С-300ПМ („М“ – мобилен), без оглед на сличноста во изгледот, суштински се разликува од претходните модификации на системот. Една од основните разлики на С-300ПМ во однос на останатите варијанти, како и на ПВ ракетниот комплекс „Патриот“, се состои во новата едностепена зенитна управувачка ракета.

ЗУР 48Н6 уништува авиони кои летаат со брзина од 1.800 метри во секунда, на максимално растојание од 150 километри, а слабо воочливите крстосувачки ракети кои дејствуваат на висина пониска од 100 метри ги уништува на растојание до 38 километри, Ракетата се наоѓа во постојана борбена готовност за време на целиот гарантен рок на употреба, без неопходност од рутинско одржување.

С-300ПМ се произведува во мобилна варијанта (на шасија на моторни возила со висока проодност) и во влечна варијанта.

Производството на системите С-300ПМ и С-300ПС, кои долги години ја сочинуваа основата на ПВО на Русија, беше прекинато во 2011 година, зашто вооружените сили преминуваа на посовремени модификации на противавионски ракетни системи (зенитни-ракетни системи – ЗРС).

 

ЗРС С-300ПМУ1 со далечен дострел е наменет за борба против масовно применуваните современи авиони, крстосувачки ракети, аеробалистички, тактички и оперативно-тактички ракети.

Интересен факт

 

Цената на комплет С-300ПМУ1 (со 12 уреди за лансирање во комплетот) изнесува $115 милиони

Овој автоматизиран систем, отпорен на пречки, може да се применува автономно и во состав на група ПВО. Првиот сериски модел на системот беше претставен на Московскиот авиокосмички салон во 1995 година (МАКС-95).

Од прототипот на противавионскиот систем С-300ПМУ1, помеѓу другото, се разликува и по зголеменото растојание за уништување на аеродинамички и на балистички цели до 150 и 40 километри; по зголемениот распон на брзината на уништување цели (35-2800 м/с). Системот може да биде изведен во мобилна и во стационарна верзија.

 

ЗРС С-300ПМУ2 „Фаворит“ со далечен дострел (подлабока модернизација на ЗРС С-300ПМУ1) е наменет за зонска одбрана на поважни воени и државни објекти, како и за групации воени состави од напад од сите видови современи средства за воздушно набљудување, јавување и насочување ноќе и дење, во сите временски, климатски и физичко-географски услови, под интензивно радиоелектронско противдејство на противникот.

Некои суштествени карактеристики на системот за ПВО С-300 „Фаворит“ се огледаат во:

  • зголемената крајна граница на оддалеченоста на зоната на уништување до 200 километри;
  • зголемена ефикасност на борбата против аеродинамичките и слабо воочливите цели на гранично мали висини во сложени услови на попречување;
  • можност за интегрирање со останатите системи за ПВО, вклучувајќи ги и системите на НАТО, како и користење на ракетите ЗРС С-300ПМУ1.

 

Системот „Фаворит“ денес претставува најуниверзален систем за ПВО со голем извозен потенцијал. Претходните системи С-300ПМ и С-300ПМУ1 можат да се доработат до нивото на С-300ПМУ2.

 

Комплет систем „Фаворит“

Системот „Фаворит“ се состои од командни станици со аквизициски радар (радар за пребарување), со кој се поврзани до шест противавионски ракетни комплекси (зенитно-ракетни комплекси ЗРК). Командната станица служи за автоматски распоред на целите помеѓу ЗРК и не содржи ракети. Универзалниот подвижен јарбол ја зголемува моќноста за управување со оган на далечина. Дополнително „Фаворит“ може да има две радарски станици: севисинка и нисковисинска.

Секој ПВ ракетен комплекс кој влегува во состав на системот има до 2 самоподвижни лансери од кои секој може да носи по 4 ракети, како и по еден радар за осветлување цели и за насочување.

 

Географија

 Во моментот на распадот на СССР на неговата територија имаше околу 3.000 уреди за лансирање од различни варијанти на ЗРС С-ЗОО. С-300 никогаш нема учествувано во реални борбени дејствија. Земјите што имаат С-300 често спроведуваат школски гаѓања, при што различни експерти врз основа на анализата на вежбите потврдуваат дека станува збор за ПВО систем со мошне висока борбена способност. Според низа основни перформанси С-300 го надминува својот американски конкурент – системот „Патриот“.

Освен во Русија, денес различни модификации на РС С-300 постојат во низа земји на ЗНД, како и во Словачка, Бугарија, Хрватска, Грција (на островот Крит), Кина, Виетнам, Венецуела, Алжир. Постојат податоци дека Турција има план да набави С-300. САД во деведесеттите години од минатиот век дојдоа до некои компоненти на овој систем заради негово понатамошно проучување. Врз основа на технологијата на С-300 и со помош на руските специјалисти направен е јужнокорејскиот ПВО ракетен систем Cheolmae-2.

 

Наследници

Следната генерација противавионски ракетни системи кои се изработени врз основа на семејството С-300, го прават рускиот систем С-400.

Врз основа на податоците на ИА "Оружие России" и на публикации од отворени извори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња