С-300 оружјето кое го има Асад

Системите С-300 деновиве привлекуваат особено внимание кај светската јавност заради подготвеноста да Русија да ѝ ги испорача на владата на Башар ал Асад


Видеото отстапено од Тв „Звезда“
С-300 припаѓа на семејството советски, а потоа и руски противавионски ракетни системи. Деновиве со одбројувањето до можниот напад на Сирија од страна на западните сили, овие системи предизвикуваат особен инетерес во јавноста - ќе успеат ли да ја одбранат Сирија од супериорните воздушни западни сили?
С-300 е создаден како универзален (противавионски и противракетен) систем под називот. Првите тестирања беа извршени кон средината на седумдесеттите години од минатиот век. Првиот ракетен систем за противвоздушна одбрана С-300 со среден дострел е наменет за одбрана на важни административни, индустриски и воени објекти од напад од воздух со авиони од стратешката и тактичката авијација, како и од крстосувачки и од аеробалистички ракети.
Суштинска карактеристика на овој систем е повеќеканалноста која овозможува истовремено гаѓање на неколку цели (што е од посебно значење кај одбивањето масовни напади од непријателската авијација и од крстосувачките ракети), како и високиот степен на мобилност. Земјите што имаат С-300 често спроведуваат школски гаѓања, при што различни експерти врз основа на анализата на вежбите потврдуваат дека станува збор за ПВО систем со мошне висока борбена способност.
Според низа основни перформанси С-300 го надминува својот американски конкурент – системот „Патриот“. Освен во Русија, денес различни модификации на РС С-300 постојат во низа земји на ЗНД, како и во Словачка, Бугарија, Хрватска, Грција (на островот Крит), Кина, Виетнам, Венецуела, Алжир. А веројатно од скоро и Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња