Турски министер: Ќе се трудиме да ги подобриме односите со Русија

Анкара ќе презема напори за подобрување на односите со Москва, без оглед на инцидентот со срушениот руски Су-24, изјави новиот турски министер за ЕУ-прашања Волкан Бозкир.

„Со Русија имаме многу добри односи. Уверен сум дена Турција ќе презема напори за да бидат уште подобри. Сакам тој проблем (инцидентот со срушениот авион) во долгорочна перспектива да не им нанесе штета на руско-турските односи. Се разбира, во наредниве денови сите овие настани ќе бидат истражени и ќе бидат дадени соодветни изјави“, изјави Бозкир на церемонијата на предавање на функцијата од претходниот министер, пишува „Взгљад“.

Претходно во вторникот претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го одобри составот на новата влада на земјата на чело со премиерот Ахмет Давутоглу.

Во вторникот руски Су-24 беше срушен од ловци F-16 на турското воено воздухопловство во Сирија на границата со Турција. Пилотите успеаја да се катапултираат. Нивната судбина засега е неизвесна, а неофицијално се соопштува дека загинале.

Подоцна Анкара изјави дека Су-24 бил соборен поради наводно нарушување на турскиот воздушен простор.

Министерството за одбрана од своја страна потенцираше дека рускиот Су-24 во никој случај не го нарушил воздушниот простор на Турција.

Претседателот на Русија го нарече инцидентот „нож во грб“. Според зборовите на рускиот претседател, срушениот авион се наоѓал на оддалеченост од 1 км од турската граница.

Путин исто така изјави дека трагедијата со рускиот авион во Сирија ќе има сериозни последици за односите меѓу Москва и Анкара. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња