Претставник на еден одред на „сириската опозиција“ изјави дека неговите луѓе ги убиле обајцата руски пилоти кои се катапултираа од погодениот авион Су-24, пренесува „РТ“.
Џахед Ахмад изјави за „Асошиејтед Прес“ дека руските пилоти се обиделе да се спуштат со падобрани на територија контролирана од сириската армија, но дека се убиени уште во воздух. Ахмад можеше да ја потврди смртта само на еден пилот.
Официјално убиството на руските пилоти не е потврдено, а медиумите пренесуваат дека во Сирија загинал пилотот Сергеј Румјанцев од Чељабинск.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче