„Денеска на територијата на Сирија, се претпоставува со средства за ПВО со копнено базирање, е соборен авион Су-24 на руската авиогрупа во Сириската Арапска Република“, изјавија за „Интерфакс“ во Министерството за одбрана на РФ, пренесува „ЛајфЊуз“.
„Авионот летал на висина од 6000 метри. Се обидуваме да дознаеме нешто за судбината на пилотите. Спрема првичните информации, пилотите успеале да се катапултираат“, изјавија од МО РФ.
Во министерството исто така велат дека авионот летал исклучително над територијата на Сирија.
Тоа е регистрирано од објективните средства за контрола, нагласија од Министерството за одбрана на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче