Инцидентот со рускиот авион ги преминува рамките на обичната борба против тероризмот, изјави Путин. „Русија внимателно ќе анализира сѐ што се случи и никогаш нема да дозволи да се повтори злосторство како денешното“, ги пренесува зборовите на Путин РИА „Новости“.
„Ја доживувавме Турција не само како сосед, туку и како пријателска земја. И не знам кому му беше потребно тоа, но сигурно не нам“, нагласи рускиот претседател.
„Инцидентот со Су-24 е нож во грб од страна на оние кои го помагаат меѓународниот тероризам. Знаеме дека во Турција заминува многу нафта и нафтени деривати од територијата заземена од терористите на „Исламската држава“. Оттука доаѓа и голем дел од финансирањето на терористите“.
Рускиот претседател нагласи дека руските пилоти и авионот не претставувале никаква опасност за Турција, а исто така по соборувањето на Су-24 Турција не се обратила до Русија, туку до НАТО.
„Место итно да го воспостават со нас неопходниот контакт, колку што ни е познато, турската страна се обратила до своите партнери во НАТО за разгледување на ова прашање, небаре ние сме срушиле нивен авион, а не тие наш“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче