ЕУ во декември има намера да ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година, соопштува германското издание „Ханделсблат“ повикувајќи се на извори во раководството на ЕУ, пренесува РИА „Новости“.
Според информациите на изданието, оваа мерка наводно е потребна за забрзување на мировниот процес во Украина. Претставниците на ЕУ инсистираат дека Русија наводно не ги исполнува во потребната мера условите од „Минската спогодба“, без оглед на примирјето на истокот на Украина. Официјалната одлука за продолжување на санкциите, најверојатно, ќе биде донесена на самитот на ЕУ на 18 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче