„Взгљад”: САД сакаат Русија и понатаму да ја храни Украина

САД се загрижени дека по пуштањето во работа на гасоводот „Северен тек-2“ Русија ќе биде во состојба да го запре извозот на гас преку Украина.

САД првпат отворено зборуваше против еден од клучните енергетски проекти на Русија, што е јасен знак за политичкиот интерес на Вашингтон, пишува „Взгљад”.

„Морате да се запрашате зошто со едната рака ѝ помагате на Украина, додека со другата ја давите“, рече во четвртокот помошникот на американскиот заменик-државен секретар за енергетска дипломатија Робин Даниган, обраќајќи се до европските земји кои учествуваат во проектот.

Вашингтон е незадоволен поради гасоводот „Северен тек-2”, кој европските земји планираат да го градат со „Гаспром“. За САД овој проект нема носи никакво профит, ниту загуба. Тој има само политичко значење за Америка. Сите обвинувања спрема Русија не се поради новиот гасовод, туку поради тоа што во 2019 година истекуваат договорите за гас меѓу РФ и Украина, а со оглед на антируското расположение и неадекватните барања на Киев околу цената на гасот, малку веројатно е дека ќе бидат потпишани нови договори. Во тој случај ќе биде запрен транзитот на гас преку Европа до Украина. На европските земји им е потребен рускиот гас и токму поради тоа е потребна нова делница како што е „Северен тек-2”.

Без оглед на критиките од САД и балтичките земји, Брисел е свесен дека „Северен тек-2“ не е закана за енергетската безбедност на ЕУ, туку тоа е транзитот на гас преку Украина. Како што наближи зимата, Европа сфати дека се најде во замката на Украина со тоа што мораше да го преземе врз себе финансирањето на Украина за купување руски гас. Тоа особено не е интерес на Германија, која е главниот „хранител“ во еврозоната. Германија, од друга страна, ќе има најголема корист од „Северен тек-2“, затоа што ќе биде главната точка на влез за рускиот гас во Европа.

Русија прави сѐ за да ги отстрани политичките ризици околу снабдувањето на Европа со гас, додека САД не нудат ништо за возврат во смисла на енергетската безбедност на Европа.

За почеток на САД треба да им се одобри извоз на гас кој во моментов е забранет. А тоа може да има тешки последици за САД - дефицит на синиот енергент и пораст на цените. Овен тоа, и САД и Европа допрва треба да изградат инфраструктура за испорака и прием на ТПГ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња