Јацењук: „Северен тек-2 ќе ја лиши Украина од 2 милијарди долари приход“

Премиерот на Украина ја повика Европската комисија и шефовите на балтичките држави „сериозно да му пристапат“ на прашањето за изградбата на гасоводот „Северен тек-2“.

Во случај да се реализира проектот „Северен тек-2“ Украина ќе загуби две милијарди долари приход, изјави премиерот Арсениј Јацењук по средбата со шефовите на балтичките држави во Рига, пренесува владиниот портал на Украина, пренесува РИА „Новости“.

„Ние како држава Украина сме убедени дека овој проект нема ништо заедничко со економски прашања, само со политички“, изјави Јацењук.

Според мислењето на премиерот на Украина, заедничкиот проект на „Гаспром“ и западните компании ќе ја „лиши ЕУ од реалната енергетска независност“. Тој ја повика Европската комисија и шефовите на владите на балтичките држави „сериозно да му пристапат на ова прашање“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња