Украина целосно го прекинува авионскиот сообраќај со Русија

Државната авијациска служба на Украина донесе одлука за целосен прекин на воздушниот сообраќај меѓу Украина и Русија од 25 октомври 2015 година, соопшти прес-службата на Министерството за инфраструктура на Украина.

„Во врска со недобивањето одговор од Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација („Росавијација“) со објаснување на причините за ограничување на летовите за украинските авиокомпании, Државната служба за цивилно воздухопловство на Украина донесе одлука за целосен прекин на воздушниот сообраќај меѓу Украина и Русија од 25 октомври 2015 година“, се вели во соопштението на сајтот на министерството што го пренесува „Взгљад“.

„Таквата мерка ќе биде применета спрема сите руски авиокомпании и ќе важи до укинување на забраните, воведени од авијациските власти на Руската Федерација во однос на украинските авиокомпании. По укинувањето на забраните од руска страна руските авиокомпании кои не се списокот со санкции, ќе можат да реализираат летови за Украина“, се вели во соопштението.

Државната служба за цивилно воздухопловство на Украина ја известила „Росавијација“ за својата одлука на 9 октомври. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.