Русија ќе го затвори воздушниот простор за украинските авиокомпании

Министерството за транспорт на РФ нареди да се затвори од 25 октомври воздушниот простор на Русија за украинските авиокомпании.

Министерството за транспорт на РФ нареди да се затвори од 25 октомври воздушниот простор на Русија за украинските авиокомпании. Ова го соопшти во понеделникот, 28 септември,  ТАСС повикувајќи се на прес-службата на министерството.

„Министерството за транспорт на Русија ѝ даде инструкции на Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација) да испрати до авиокомпаниите на Украина, кои реализираат или планираат да реализираат летови до дестинации на територијата на Руската Федерација, известување за прекин на користењето на воздушниот простор на Русија од 25 октомври“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт на Русија.

Одлуката за затворање на воздушниот простор е донесена по налог на премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Во понеделникот, 28 септември, од Државната управа за цивилно воздухопловство на Украина изјавија дека ги известила руските авиокомпании за воведувањето мерки на ограничување против нив. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња